ФОТО: Македонците главни во Доха

Втор пат на завршницата на IHF Суперглоуб Македонците беа главни на и околу теренот. МАкедонскиот Ас Кирил Лазаров по трет пат стана светски клупски првак, што од нашата земја претходно не му успеало на ниту еден ракометар.

Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски како круна на нивната одлична интернационална кариера, водеа финале на светско клупско првенство. 

Драган Начевски како и на останатите големи турнири, беше делегат на многу натпревари и на овој IHF Суперглоуб, вклучувајќи го и финалето меѓу Барселона и Ал Саад.

Превземено од lazarovkiril7.com

13.09.2014 - 10:32


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега