Металург го пречекува Раднички, Вардар гостува кај Веспрем во рамки на СЕХА лигата

Ракометарите на СЕХА шампионот Вардар попладнево го играат натпреварот од 7.коло од СЕХА лигата и гостуваат кај лидерот на табелата унгарски Веспрем. И двете екипи досега имаат подиграно по три натпревари и имаат постигнато по три победи. Почетокот на дуелот е во 16 часот.

Вториот наш тим во оваа лига, македонскиот првак Металург вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ го пречекува тимот на Раднички. Почетокот на дуелот е во 20:15 часот. Ова е натпревар од второто коло.

На чело на табелата се Веспрем и Вардар со по 9 бодови, додека Металург е во групата екипи кои имаат по 3 бодови.

13.09.2014 - 10:56


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега