Утре уште повеќе дожд - еве какво време не очекува викендов

Во Македонија во сабота попладне ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Максималните дневни ќе достигнат до 22°C односно до 31°C.

Во Скопје во сабота попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 17°C, а максималната дневна ќе достигне до 28°C.

Во недела во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува југозападен ветер. Утринските температури од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19°C односно до 28°C. 

13.09.2014 - 12:04


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа