ФОТО: Нов дом за семејството Воиновски

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, заедно со  градоначалникот на општина Зелениково, Веле Груевски и сопственикот на градежната компанија Трансмет  денес го посети семејството Воиновски од с. Ново Село, чија куќа настрада од дождот.

-Исто така сакам да и се заблагодарам на компанијата Трансмет и на сопственикот Сеад Кочан, кој што на мојот повик излезе во пресрет и ќе помогне со доизградбата на нов објект кој што очекуваме после месец дена да се пресели ова семејство во еден многу посоодветен објект. Се договоривме со г-ѓа Невена во периодот дури траат градежните активности да се преселат кај нејзината ќерка со цел да не се доведе во некоја полоша ситуација, бидејќи навистина условите во кои што живеат се супстандардни и тука не може да се живее, - рече Спасов.

Воиновски ќе можат да продолжат да живеат во подобри и поквалитетни услови, благодарејќи на сите вклучени, посебно на покажаната општественаодговорност на приватната компанија Трансмет која ќе даде огромна поддршка и помош на ова семејство.

 

13.09.2014 - 12:38
Фото: 
курир


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега