„Појадокот на мост“ - симболично место за дружење

На Камениот мост и Мостот на цивилизациите денеска во Скопје се одржа петтата по ред манифестација „Појадок на мост“ што традиционално ја организира Градот Скопје во соработка со Средното угостителско училиште „Лазар Танев“.

Пред присутните се обврати градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, кој изрази задоволство што секоја година се повеќе луѓе се заинтересирани да дојдат на појадокот, чија цел е дружење, стекнување пријателста и размена на мислења меѓу припадници од сите скопски ошпштини и од сите националности.

- Мостовите како симбол на зближување го покажаа своето значење и на овој настан. Дружењето се повеќе станува наш императив бидејќи се повеќе во овие нови, брзи времиња на живеење се помалку време има место за дружење. Во Македонија, традиција е луѓето да наоѓаат мотиви за дружење. Минатото покажало дека нашите луѓе знаеле да се дружат. Ова е една нова форма, која Градот Скопје заедно со општините и Владата ја организираме за да бидеме еден ден во годината сите заедно на ова симболично место, рече градоначалникот Трајановски.

Трајановски се заблагодари на донаторите за поддршка на манифестацијата, кои годинава, вели, се пријавија во голем број, на јавните претпрјатија кои учествуваа во организирањето на настанот и особено на Армијата на Република Македонија, која го обезбеди инвентарот. 

14.09.2014 - 11:03


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа