Се јави сопругата на очајниот скопјанец - не ме барајте добро сум

Сопругата која еден скопјанец денеска ја пријави како исчезната попладнево се јавила во редакцијата на ТВ Сител за да ја информира јавноста дека е на безбедно и дека се чувствува добро. Таа рекла дека нема потреба од паника и дека лично ќе се јави во полициската станица за да им ја објасни на полицајците целата ситуација во која се нашла, јави националната телевизија во своите вести во 16 часот. 

Претходно, скопјанец преку медиуми ја бараше својата жена тврдејќи дека таа исчезнала и дека од 11 септември и се губи секаков траг. 

Жената не објаснила од кои причини се решила да го напушти домот и сопругот со кого е во брак 8 години. 

Тука погледнете го видеото во кое скопјанецот ја бара својата сопруга

14.09.2014 - 19:48


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега