Груевски: И покрај европските предизвици покачуваме плати, пензии и социјална помош

Буџетот во Р.Македонија се носи во едни се уште сложени околности  во Европа, во светски размери се очекува идната година да има умерен раст, меѓутоа во европски размери се очекува низок раст.

Ова го истакна премиерот Никола Груевски за време на неговото гостување во вестите на Сител телевизија, кој истакна дека опоравувањето од кризата во европските држави се уште е бавно и ранливо.

За тоа, како што нагласи, придонесува и мини кризата која се создаде со состојбите во Украина.

-Ние одиме доста претпазливо, внимателно да не се случи да не пресретне некоја ситуација којашто нема да можеме да ја надминеме или којашто ќе ни направи поголем број на штети, рече Груевски.

Растот на економијата за идната година се предвидува да биде 4 отсто од БДП-то, а главните носачи на растот, како што нагласи Груевски треба да бидат градежништвото, странските инвестиции и зголемената потрошувачка, којашто се должи на зголемувањето на платите во администрацијата пензиите и социјалната помош, што е уште едно остварено ветување од предизборието,

- Септемвриската плата која се исплаќа во октомври веќе ќе биде со четирии процентно зголемување оваа година а истото ќе си тече и во следната година, а веќе во септември следната година е следното зголемување на пензиите од 5 отсто и во јуни следната година е зголемувањето на социјалната помош за пет проценти, посочи премиерот.

Тој додаде дека буџетот за 2015 година изнесува 163 милијарди денари расходи и 181 милијарда приходи, а дефицитот е околу 18, 5 милијарди и истиот е проектиран околу 3,5 отсто од БДП.

 

14.09.2014 - 20:56


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега