Груевски: Штрајкот на СОНК е заради тесен интерес со раководството

Секој синдикат има право на штрајк, но чудно е што токму СОНК беше синдикатот кој во изминатите години континуирано, јавно даваше поддршка за проектите кои ги заврши Владата, а што беа поврзани со барањата на СОНК. Често пати предводниците на СОНК кажуваа дека владата исполнила многу повеќе од нивнте очекувања, дека тоа што го чекале со децении го добиле токму во мандатот на оваа Влада, дека се презадоволни од работењето на владата и однеднаш пред еден месец се случи ситуација во која тие најавија штрајкови, посочи Груевски во вестите на Сител.

gruevski500

Тој додаде дека ја респектира одлуката за штрајк на синдикатот на образованието, СОНК, но и оцени дека таа сега е во функција на задржување на позициите на актуелното раководство на СОНК пред изборите за нови органи во синдикатот.

- Сега и наставниците и сите оние кои се повикани на штрајк се на некој начин или треба да бидат ставени во функција на интересите на раководството на СОНК за реизбор,  а за реизбор треба да покаже колку биле тврди, дека нешто издејствувале, постигнале, иако тие самите се свесни дека она што досега беше направено од оваа влада е многу повеќе од нивните очекувања, тоа јавно го говореа, и точно знаат до каде може и колку може владата да поднесе од нивните барања. Меѓутоа ним им треба сега пред членството, да покажат дека се големи борци, и мислам дека тоа е основниот мотив, посочи Груевски.

Јас не велам дека се е розово, далеку од тоа, дека нема проблеми, не велам дека платите не треба да се не за 5 посто, за 500 посто зголемени, и секако дека доколку тоа би можеле би го направиле, меѓутоа работите одат чекор по чекор, вели Груевски, додавајќи дека како повеќе доаѓаат инвестиции и приходи во буџетот, така се зголемуваат платите.

- Да се потсетиме на едно друго минато пред доаѓањето на ВМРО- ДПМНЕ и оваа коалиција во владата, ние не се сеќаваме ниту на зголемување на плати во администрација, ниту на пензии за пензионери, ниту на социјалната помош. Невработеноста континуирано растеше до некои рекордни европски нивоа. А сега е друго време. Сега и во кризи во време кога соседните држави ги намалуваат платите за осум посто, ги намалуваат пензиите намалуваат други давачки кон граѓаните и кон различни ранливи групи, во Македонија имаме зголемување. Меѓутоа некому му треба сега да покаже цврстина, силина, борба, за да биде реизбран и понатаму да управува со тоа што управува, и од тој аспект јас не би коментирал ништо повеќе, додаде премиерот Груевски во вестите на Сител ТВ по најавите за штрајк на СОНК

14.09.2014 - 22:12


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега