Ќе „удри" ли Талија и денеска во Македонија

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

Попладне времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.  Локално може врнежите да се пообилни особено во источните делови од земјата. Ќе дува слаб променлив ветер.

УВ индексот ќе изнесува пет.

Температурата ќе се движи од 18 до 26 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени.

До среда ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд. Од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

15.09.2014 - 09:04


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега