Дачиќ во официјална посета на Македонија

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска ќе престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија.

Покрај средбата со својот домаќин, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, Дачиќ ќе разговара и со претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
 
На средбите, како што најави МНР, ќе стане збор за севкупната  соработка меѓу Македонија и Србија, како и  за можностите за нејзино натамошно унапредување. Ќе се разговара и за одржување на втората заедничка седница на владите на двете земји, во  Република Македонија, по можност до крајот на оваа година.

Посетата на Дачиќ ќе биде искористена и за размена на мислења околу актуелните меѓународни прашања, како и за соработката во рамките на мултилатералните и регионални организации.

15.09.2014 - 09:13
Фото: 
a1.on


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега