Македонска делегација во посета на Правосудната академија на Турција

 

 Делегација од Република Македонија составена од претставници на слушателите на Пограмата на почетна обука од петтата генерација во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, претседателот на Судскиот совет на Република Македонија, претседателот на Советот на јавните обвинители на Република Македонија и претставници на Академијата, предводени од директорот на Академијата Анета Арнаудовска престојуваат во официјална посета на Правосудната академија на Република Турција.

Посетата е резултат на Меморандумот за соработка склучен помеѓу двете академии во 2011 година кој предвидена размена на искуства, на едукатори и ментори, како и усовршување на наставните техники. Целта е слушателите на програмата за почетна обука да се запознаат со правосудниот систем на Република Турција, но најмногу од се да се запознаат со работата и организацијата на Правосудната академија на Република Турција.

Согласно Агендата што ја подготви Правосудната академија на Турција, претставниците од Македонија ќе посетат повеќе релевантни правосудни инсититуции - Уставниот суд, Советот на судиите и јавни обвинители на Република Турција, Врховен суд, Управен суд, Синџан судот, Судот на Анкара и Големото национално собрание на Република Турција, пришто на работни средби со судиите и обвинителите на Република Турција ќе разменат компаративни искуства за правосудните системи на двете земји.

За претставниците на Академијата од посебен интерес ќе бидат и наставните техники кои ги користи Академијата на Република Турција во спроведувањето на Програмата за почетна обука и начинот на влез на идните судии и обвинители во правосудната професија, како и нивните достигнувања на планот на компјутерската технологија, бидејќи Република Турција бележи значителен напреднок во процесот на комјутеризацијата на судството. 

15.09.2014 - 11:04


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа