За Столе Попов црвениот килим бил „селска изведба“ - еве зшто изби скандалот на Манаки

Режисерот Попов вели дека црвениот тепих на Браќа Манаки е селска изведба, а бил подготвен и да го гаѓаат со јајца  

Директорката Лабина Митевска и режисерот Столе Попов штотуку се расправаа пред десетици новинари во Битола.

По вчерашната премиера на филмот "До балчак", денеска Попов објасни зошто излегол по отворањето на фестивалот пред да почне церемонијата.  

"Затоа што сметам дека тоа е селска изведба", рече Попов за црвениот тепих, пренесува Вечер.

На тоа Лабина му рече дека не е во ред да се навредува, на што Попов одговори дека не е навредување.  

Потоа Лабина иронично му посочи дека не знае дали тој бил на друг голем фестивал, а тој и рече: "Не, само вие сте биле".  

На крај Попов се извини, велејќи дека не сака да навредува, и дека не знаел оти црвениот тепих е само за влегување а не и за излегување.

Потоа кажа дека црвениот тепих бил селски поради гостите кои ја покажувале новата гардероба, а не поради Лабина Митевска.  Како што кажа, тој бил подготвен и да го гаѓаат со јајца.

15.09.2014 - 12:11


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега