Нов случаи на жолтица во Скопје викендов

Само викендот 11 нови случаи на жолтица во Скопје. Тројца од нив се основци и двајца кои одат во средно училиште. Има и едно дете од 2 години но тоа не оди во градинка. Останатите заразени се на возраст до 51 година. Новозаразените не се поврзани и од едно место туку ги има во 6 скопски општини. 4 се од Шутка, по двајца во Ѓорче Петров и Аеродром и по еден случај во Гази Баба и Бутел. Од нив 4 се хоспитализирани на Инфективна Клиника каде има  уште 17 пациенти со жолтица, јавува Здравство24

Со ново заразените вкупната бројка во Скопје достигна до 144. Најмногу има во Шутка, каде минатата недела епидемиолошки тим од скопскиот центар за јавно здравје разговараше со локалната самоуправа за поголема хигиена и преземање на соодветни мерки. Поради долгиот инкубациски период надлежните велат дека не може да се направи проценка дали жолтицата ќе се прошири во училиштата и градинките.

 

 

15.09.2014 - 13:03


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега