ВИДЕО: Ова талентирано дете ќе ја направи Македонија горда

Јован Дукмеџиев на неполни 7 години веќе поседува огромен талент за музика, а за него Македонија допрва ќе слуша.

Курир стапи во контакт со Филип, таткото на Јован, кој откри интересни работи за неговиот син.

-Од мал постојано слуша музика и сам се научи се што знае. Постојано не тера да бараме улични изведувачи, со кои обожава да настапува, вели Филип Дукмеџиев за Курир.

Малиот Јован вели дека идол му е Даниел Кајмакоски, кого го следи на неговите настапи, а беше присутен и на финалето на Х-фактор, каде му ја изрази безрезервната поддршка на Даниел.

Јован, како што вели неговиот татко, за својот роденден во ноември годинава побарал рокерска гитара за да продолжи да го развива својот талент.

Тој е вистински доказ дека во Македонија навистина има огромни таленти за кои допрва ќе слушаме.

Јован е вистински среќник бидејќи ја има безрезервната поддршка од своите родители.

Дали ова е следната ѕвезда на нашата музичка сцена?

Судејќи по неговиот талент, за тоа нема дискусија!

Погледнете еден од неговите последни настапи.

15.09.2014 - 19:25


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега