Анелка ја продолжува кариерата во Индија

Легендарниот француски фудбалер Николас Анелка својата кариера ќе ја продолжи во Индија.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Анелка потпишал едногодишен договор со индискиот супер лигаш Мумбаи.

- Среќен сум што ќе му се приклучам на тимот на Мумбаи, воедно и возбуден што ќе играм во индиската Супер лига. Подготвен сум со моето искуство да му помогнам на овој тим со многу талентирани интернационалци, порачува Анелка на својот „Твитер“ профил.

Инаку, 35-годишниот Французин, е без ангажман од март месец, откако англискиот тим Вест Бромвич Албион реши да му даде отказ поради неговото антисемитско однесување.

Анелка кој за репрезентацијата на Франција одигра 69 натпревари, својата богата професионална кариера ја започна во П.С.Ж., а ги носеше и дресовите на Реал Мадрид, Арсенал, Ливерпул Манчестер Сити, Челзи, Фенербахче, Шангај Шенгхуа, Јувентус и Вест Бромвич Албион. 

15.09.2014 - 19:35


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега