Во несреќен случај загина рибар од Куманово

Кумановецот И.С (1965) денеска попладне бил пронајден мртов на брегот на реката Кумановка, односно на улицата „Доне Божинов“.

Според  првичните информации на МВР, 49-годишниот И.С ловејќи риба со трската закачил во електрична жица и починал од струен удар.

Дополнителни информации  за овој случај МВР најавува за утрешниот ден.

15.09.2014 - 20:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега