Збогум „Старо купујем“

Старите и дотраени машини за перење или телевизори повеќе нема да смее да се фрлаат  во контењерите или да се остават било каде.Со новите правила во закон за отпад, старите апарати  ќе се складираат на посебни места. За нив ќе се гржат компаниите кои ги  увезуваат  и произведуваат. Тоа ќе можат да го прават или преку лиценцирана компанија или преку заедничка фирма.  Но ќе имаат и дополнителни трошоци  за собирање и за рециклирање на отпадот кој го направил нивниот производ, а тоа може да ја зголеми цената на апаратите за домаќинство, јавува Сител.
 
Ако некој старата машина за перење ја фрли во контењер или ја стави на несоодветно место ќе биде казнет со глоба од  60 евра. Со новите правила, дотраениот  апарат кои  е неоштетен граѓаните ќе можат да го заменат со нов. За оние оштетените ќе треба самите да се грижат.
 
Новиот правила ќе стапат  на сила од први јануари следната година. 33 000 тони електрична опрема годишно влегува во земјава, а 5000 компјутерска. 20 000  тони од апратите прават електронски отпад, од нив 10 000 се апарати за во домаќинството.

15.09.2014 - 21:40


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега