Распали Лабина Митевска: Ниту еден фестивал не бил вака навреден од гостите

Ниту еден светски фестивал не бил вака навреден од гостите. Лабина Митевска во писмено соопштение рагира на однесувањето на дел од екипата на „До балчак“ коментирајќи го како недолично и неправедно

„Ние како фестивал никогаш не поддржуваме тенденциозно правење скандали и никогаш нема да поддржуваме. Во таа смисла, црвениот килим некому му се допаѓа, некому не, но се трудиме да наликуваме на големите светски фестивали и „Браќа Манаки“ го правиме по тој терк. Навистина ми е жал ако црвениот килим и можноста да го претстави своето уметничко дело некој овој пат го искористи за лична промоција. Фестивалската програма е така конципирана што секоја година го ставаме фокусот на една ѕвезда. На отворањето ја имавме Жулиет Бинош и двајцата оскаровци-добитници на „Златна камера 300“. Вториот фестивалски ден беше насочен кон филмот „До балчак“. И во двата случаи се вложивме со сите расположливи капацитети и можности“, пишува Митевска.

15.09.2014 - 21:53


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа