Трагедија во Демир Хисар: Застрелани две момчиња - 21 годишно дете е мртво

Со истрел од ловџиска пушка  69 годишниот Миле И. од демирхисарското село Мренога ги застрелал својот 40 годишен син Добре и уште едно 21 годишно лице. Како што дознава Press24 од полициски извори, инцидентот се случил утрово околу 2:30 минути во атарот на селото Мренога во Демир Хисар, кога трите лица биле во кривилов. 
Од здобиените повреди на лице место починал 21 годишниот Александар В од селото Мренога, додека Добре со тешки телесни повреди е префрлен во здравствениот дом во Демир Хисар од каде поради сериозноста на повредите итно е транспортиран во Клиничкиот центар во Скопје. 
Се уште немаме информации каква е неговата состојба.
Полицијата за Press24 и официјално го потврди случајот, информирајќи дека се работи на целосно документирање на настанот по што се најавуваат соодветни пријави.

 

16.09.2014 - 08:46


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа