Заев не верува во судството во кое правда делат мајката и сопругата на неговиот адвокат

Лидерот на опозицијата Зоран Заев, во неколку наврати досега има изјавено дека не му верува на македонското судство, а откако Основниот суд Скопје 2 пресуди дека Заев го клеветел Груевски со тврдењата за случајот „Македонска банка“, СДСМ излезе со реакција дека пресудата е срам за македонското судство.

Покрај Заев, недовербата во судските инстутции ја повторија и од адвокатскиот тим на Зоран Заев, кој барем во јавноста го застапуваше Мирослав Вуиќ, но главен адвокат на лидерот на опозицијата е Филип Медарски, кој го бранеше Заев во судскиот случај и тужбената постапка со Груевски за „Македонска банка“.

Симптоматично е тоа што со Заев не му верува на судството во кој мајката на неговиот адвокат кој го брани е обвинителка, а неговата сестра судија. Имено, според информациите, мајката на Филип Медарски, Елица Медарска е обвинител во Вишо ЈО Скопје, а сопруга на Филип Медарски е Софија Медарска, порано Спасова, судијка во Основен Суд 2, која пак  е ќерка на Ристе Спасов, секретарот на Судот. Ова значи дека мајката на Медарски обвинува, а неговата сопруга пресудува.

Од сето ова излегува дека најтесната фамилија на адвокатот на Заев е добро распоредена во судските кругови, дели правда и е дел од судскиот ситем во кој првиот човек на СДСМ не верува.

Исто така, Курир дознава и дека мајката и сопругата на Медарски напредувале во своите кариери и тоа токму во скорешниот период, што се поставува прашањето ако судството беше зависно и не може да му се верува, тогаш како роднините на адвокататот на Заев се на толку високи позиции?

16.09.2014 - 10:08


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега