Тренерот на Хамбург доби отказ

По само три одиграни рунди во новата сезона од Германското фудбалско првенство се случи првата тренерска смена, откако раководството на Хамбургер реши да му додели отказ на Мирко Сломка.

Причина за ваквата одлука на бундеслигашот од Хамбург се слабите игри и само еден освоен бод од можни девет.

Хамбургер во неделата загуби на гостувањето кај Хановер со 2:0 и остана на последното место на табелата.

Под водство на 47-годишниот Сломка минатата сезона Хамбургер едвај успеа да избори опстанок во Бундес лигата. Сепак поранешниот тренер на Тенис Борусија Берлин, Шалке и Хановер, не успеа во новото првенство на клупата на Хамбургер да остане повеќе од три кола.

Како најсериозни кандидати да го наследат Сломка на тренерската позиција во Хамбургер во германските медиуми се спомнуваат холандскиот стручњак Хуб Стевенс и поранешниот тренер на Мајнц Томас Тухел.

16.09.2014 - 10:14


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега