Повредените дечиња кај Катланово помали од 10 години - детали за сообраќајката

Сите седуммина повредени во вчерашнaта сообраќајна несреќа кај Катланово се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Најтешко повредена е 30-годишната О.М. сопатничка од „Мерцедесот“ со велешки регистерски таблички. Од овој автомобил со повреди се здобиле нејзиниот сопруг, кој го управувал возилото, Љ.М. (33), како и нивниот 10 годишен син.

Во „Голфот“ со косовски таблички, исто така повредено е цело семејство. Л.М. (34) кој го управувал возилото, неговата сопруга Т.М. (31) и нивните две деца, син и ќерка, кои се на возраст од 8 и 5 години.

Несреќата се случи вчера околу 14 часот на патот Катланово-Велес при директен судир на двата автомобили. 

16.09.2014 - 10:23
Фото: 
курир


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа