Сообраќајка: Прегазен велосипедист во скопска Кисела Вода

Велосипедист е потешко повреден во сообраќајната несреќа која вчера околу 13:15 часот се случила во скопска Кисела Вода. Како што информира полицијата на крстосницата меѓу булеварот „Борис Трајковски“ и улицата „Петар Дељан“ патничко моторно возило „Пежо“ со скопски регистарски таблици управувано од граѓанин на Скопје удрил во велосипед марка „Собим“ кој исто така го возел скопјанец.  Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот.

16.09.2014 - 11:19


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега