Демир Хисар: Наместо дива свиња си го застрелал синот - детали за трагедијата во Мренога

Мислел дека е дива свиња, па го застрелал синот а убил едно 21 годишно момче. Трагична несреќа утрово во демирхисарско Мренога. Ловџијата Миле И. со часови седел во нивата со пченка со спремна пушка очекувајќи тука да помине дива свиња. Кога слушнал шушкање мислел дека конечно го нашчекал својот плен. Веднаш истрелал еден патрон од сачмарката.
Но наместо дива свиња, слушнал врисок од својот син и 21 годишниот Александар. Веднаш притрчал да помогне но детето било мртво. Неговиот син имал сериозни повреди и под знак прашалник е дали повторно ќе може да оди.
Ловџиската пушка на Миле полицијата ја вештачи.

16.09.2014 - 12:05


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега