Го нападнал па го оставил крвав на улица - немирна ноќ но Тетово

Две тепачки со двајца повредени се случиле во Тетово во текот на вчерашниот ден.

Во првиот случај во засега сеуште неутврдени околности, се случила физичка пресметка помеѓу 34-годишниот И.Џ. од Доброште и 44-годишниот Б.Е. од Тетово. Значително алкохолизиран, тетовецот со стаклен предмет, шише или чаша, му нанел видливи повреди на главата и рацете на И.Џ. од кои тој обилно крварел по што со такси-возило заминал во тетовската клиничка болница. По укажаната лекарска помош тој итно бил префрлен на скопските клиники но е надвор од животна опасност.

Тетовчанецот Б.Е приведен е и задржан во Полициската станица Тетово.

                           Другиот инцидент бил пријавен околу 18 часот од страна на 22-годишниот Ј.О. од Пирок. На булеварот  „Илинденска“ во Тетово по претходна вербална расправија тој бил физички нападнат и со тупаници удиран по главата и телото од тетовците Б.Р.(24), И.Р.(34) и Ш.Р(46).  Во исказот во полицијата Ј.О. рекол и оти при нападот бил удрен и со тврд предмет по главата но потоа успеал да избега со видливи повреди на главата и телото.

 

16.09.2014 - 12:09


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега