Башески: Буџетските пари за филмот „До балчак“ се наменски потрошени

Директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија Дарко Башески на денешната прес-конференција во Битола изјави дека буџетските пари доделени на продуцентската куќа за снимање на филмот „До балчак“ се наменски потрошени, со што се потврдува дека некои вчерашни информации во јавноста на оваа тема биле непрецизни или дезинформации.

- Можам да кажам дека продуцентската куќа „Триангл“ за продукцијата на филмот „До балчак“ е целосно исплатена, односно државата не должи никакви пари на продукцијата на филмот. Од друга страна, веднаш после снимањето на филмот направивме увид на потрошените средства кој го направи реномирана меѓународна ревизорска куќа и увидот покажа дека буџетските парки кои се доделени на продуцентската куќа се наменски потрошени за потребите на продукција на филмот и дека има документација за повеќе потрошени средства наменски за потребите на филмот од оние што се доделни од Агенцијата за филм, посочи Башески.

Од фестивалскиот прес-центар на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола, првиот човек на Агенцијата за филм на Република Македонија, потврди дека има решение за надминување на проблемите со неисплатените правни и физичкиу лица кои извршиле услуги во прцесот на снимање на филмот.

- Увидовме дека постојат некакви долгови и затоа Агенцијата за филм го превзема филмот за дистрибуција и сите средства што ќе се заработат ќе бидат префрлени на блокираната жиро сметка на продуцентската куќа бидејќи не сакавме средствата заработени од продажба на филмот да се одлеат на некоја друга жиро сметка или кај некои други компании. Решението  го најдовме уште пред повеќе од една годиона не чекајќи да се јават дополнителни проблеми. Вака сите средства кои ќе се соберат, ќе се префрлат на таа жиро сметка која што во моментов е блокирана од сите оние што ги добиле судските процеси за наплата на средства. Значи, сите оние што на легален начин докажале дека побаруваат средства од продуцентската куќа, ќе си ги наплатат средствата од заработката на филмот, односно од продажба на влезници и од меѓународна продажба. Договорот и обврските на Агенцијата за филм се исти со сите компании, односно Агенцијата за филм неможе да превземе некои поголеми долгови што самите ги прават, изјави Башески

16.09.2014 - 13:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега