Сеп Блатер доби противкандидат за претседател на ФИФА

Французинот Жером Шампањ се кандидира за претседател на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Поранешниот дипломат, 56-годишниот Шампањ работеше 11 години во Извршниот комитет на ФИФА се до 2010 година кога ја напушти Светската фудбалска федерација.

- До претседателот на Изборната комисија на ФИФА, Доменик Скали, ја испратив својата потврда со намера да се кандидирам за претседател, изјави Шампањ.

Французинот Шампањ ќе биде единствениот против кандидат на изборот за прв човек на ФИФА на актуелниот претседател Сеп Блатер, кој неодамна потврди дека одново ќе се кандидира за својот петти мандат.

Изборот на претседател на ФИФА ќе се одржи во јуни следната 2015 година.

16.09.2014 - 16:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега