Министерот Јолевски ќе се обрати на „100- годишнината од Првата светска војна“

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски, утре во просториите на Кинотека на Македонија ќе се обрати по повод отворањето на изложбата „100-годишнина од Првата светска војна“, во организација на Амбасадата на Словачка во Македонија.

Во рамки на отворањето на изложбата, ќе биде прикажан и филмот „44 бунтовници“, посветен на легендарната побуна на словачките трупи  против офицерите на Австро-унгарската армија, стационирани во српскиот град Крагуевац за време на Првата светска војна.

16.09.2014 - 17:02


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа