Казна затвор за поранешен градоначалник на Свети Николе

Една година затвор  за поранешниот градоначалник на Свети Николе и претседател на Управниот одбор на Агрокомбинатот „Џумајлија“ Слободан Даневски и две години условна казна за правникот на АД „Џумајлија“ Љупчо Мишев, пресуди штипскиот Основен суд за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба.

Портпаролот на ОС-Штип Стојан Михов вели дека се разботи за кривично дело со кое веќе огласените за виновни во текот на 2002 година фиктивно при прогласување на технолошки вишок на одредени работници ги зголемувале личните примања, со цел истите работници да добијат одредени позитивни права преку Агенцијата за вработување.

- Тоа би значелчо нивниот надомест за лица кои се прогласени за технолошки вишок да биде повисок, при што на Агенцијата за вработување на ниво на Република Македонија е причинета штета од 3. 500 000 денари, истакнува Михов.

Паричните средства од 3.500.000 денари се одземени во корист на Република Македонија. Оваа сума Даневски и Мишов треба да ја вратат на државата.

Ова е втора пресуда за Слободан Даневски, а во штипскиот и светиниколскиот суд се уште се водат неколку судски процеси за неговиот брат Зоран Даневски, кој е во бегство.

16.09.2014 - 18:21


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега