Откриен идентитетот: Штипјанец го загуби животот во страотната сообраќајка

Педесет и едногодишниот штипјанец Ацо С. е лицето кое го загуби животот во сообраќајната несреќа која утринава се случи на патот Штип-Кочани.

Несреќата била пријавена во 5:35 часот, а во истата дошло до судир меѓу „Форд Фиеста“ која ја управувал сега загинатиот, и автобус со штипски регистерски таблички, во кој се наоѓал само возачот, 56 годишниот Т.П.

Патот беше затворен за сообраќај до 8:40 часот, а подоцна се одвиваше по една коловозна лента.

17.09.2014 - 10:10


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега