Зидан селектор на Франција

Зинедин Зидан, за медиумите изјави дека му е желба да го предводи националниот фудбалски состав на Франција. 

Беше најдобар фудбалер на светот, а на клупата на мадриѓаните ја освои титулата во Лигата на шампионите, заедно со Анчелоти.

„Ќе се потрудам да го сторам тоа, да ја предводам репрезентацијата на Франција“, вели искусниот Зидан.

Медиумите тврдат дека за ова го мотивира љубовта кон татковината и кон спортот.

„Ќе собирам искуство со клубот, за да можам да се радувам како селектор“, додава Зизу.

Како и да е, Французинот го пофали предводникот на Триколорите, Дешам, со кој настапуваа заедно во националниот фудбалски состав.

„И како фудбалер беше и како тренер е одличен. Создаде квалитетен состав и ќе може да постигнува успеси“, заклучи Зидан.

17.09.2014 - 13:02


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега