Лев и Дел Боске нема да го бојкотираат Светското првенство во Русија

Селекторот на актуелниот светски фудбалски шампион Германија, Јоаким Лев и предводникот на поранешниот светски и актуелен европски Шпанија, Висенте дел Боске денеска се спротивставија на барањата за бојкот на Мундијалот во Русија 2018 година, поради политичката криза во Украина.

- Идејата да се бојкотира Светското првенство во Русија никогаш нема да ја добие поддршката на фудбалските тренери. Ние сме за соединување, а не за дезинтеграција. Нас не не интересира политиката, рече Дел Боске на техничката конференција во Санкт Петербург.

За германскиот селектор нема сомнение дека Мундијалот во Русија ќе биде на ниво.

- Русија има силна желба и огромни можности светскиот шампионат да го организира на високо ниво, потенцира Лев.

Реакциите на водечките светски тренери доаѓаат по барањето од лидерите на 28 земји членки на Европската унија да бидат воведени нови санкции кон Русија заради наводно испраќање воени единици во Украина.

17.09.2014 - 13:40


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега