Македонецот Јотовски се пласираше во второто коло

Најдоброрангираниот македонски тенисер Томислав Јотовски без поголеми проблеми успеа да се пласира во второто коло на фјучрс турнирот во Ниш. Тој денеска го победи Стефан Миленковиќ од Србија со 6:3 и 6:2 во гемови.

Јотовски слично како и на минатонеделниот турнир во Суботица во 2.коло ќе игра против македонски тенисер. Во Суботица го победи Шендрит Деари, а потоа во четвртфиналето и Димитар Грабул, додека во Ниш за противник ќе го има Бесир Дургути.

Во второто коло на фјучрсот пласман избори и Димитар Грабул.

Попладнево Грабул и Јотовски ќе играат и меч во двојки од четвртфиналето против Габор Боршош (Унгарија) и Драгош Кристијан Миртеа (Романија). 

17.09.2014 - 15:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега