Еве колку веб страни има на Интернет

Бројот на веб страни на Интернет достигна бројка од една милијарда, и расте со големо темпо, судејќи според бројките во реално време со кои располага Интернет Лајв Статс.

Тим Бернерс Ли, кој се смета за татко на интернетот, се пофали со оваа бројка на Твитер - еден од најистакнатите сајтови во интернет светот.

До овој број дојдовме благодарејќи на агенцијата која се занимава со адреси на интернет и која ја прошири својата понуда од .ком и .нет домени за да обезбеди дополнителен простор за се поголемиот број разновидни сајтови.

Интернетот во април оваа година наполни 25 години.

Идејата за интернетот е родена во техничката работа на Бернерс Ли, тогаш млад компјутерски научник во Европската лабораторија за физика.

Тој работел во лабораторијата на ЦЕРН во Швајцарија кога го дал нацртот за лесен пристап до документи на поврзани компјутери, отварајќи го патот за глобалниот феномен што им го промени животот на милијарди луѓе.

17.09.2014 - 16:59


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега