Си го убила сопругот со метална шипка - хорор во Кочани

Во текот на вчерашниот ден во Кочани 60-годишната М.А. во семејната куќа си го убила својот сопруг. Според податоците, се работи за 62-годишниот Тодор А. кој бил убиен во семејната куќа лоцирана на улицата Маршал Тито, откако претходно започнал расправија со сопругата.

М.А. се разбеснила и со метална шипка му нанела неколку удари на на сопругот во пределот на главата и телото.

Кочанчанката го признала делото во полиција.

18.09.2014 - 09:13


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа