Македонска трудница избодена со нож во Брисел

Лекарите од главната градска болница во Брисел се борат да ја спасат 37-годишната бремена македонска државјанка Ф.Д. која со нож е избодена од сопругот Д.T. во нивниот семеен стан.

Според медиумите од Брисел, соседите прво слушнале караница, па тепачка, а во еден момент слушнале врисоци од жената. За брзо време пристигнала полицијата која го уапсила сопругот, а со амбулантно возило македонската државјанка е пренесена во болница. Соседите изјавиле дека целата била крвава.

Семејството има петгодишно дете кое веднаш по семејната драма е згрижено од социјалните служби.

18.09.2014 - 09:31


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега