Тери разочаран од исходот во дуелот со Шалке

Капитенот на Челзи Џон Тери разочаран по исходот од дуелот со Шалке рече дека не победиле поради тоа што не ги слушале советите од нивниот тренер.

- По релативно доброто прво полувреме, Мурињо ни укажа на нашата инертност во финишот и ни потенцира дека не го исполнуваме договореното. Тоа на крајот не чинеше губење на два бода и затоа сме многу разочарани, истакна Тери и додаде дека заморот си го направил своето.

Челзи на синоќешната средба во Лондон одигра 1:1 со Шалке. Германците освоија бод иако губеа по првото полувреме. 

18.09.2014 - 09:38


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега