Влегле и направиле хаос во тетовската болница - шестмина повредени

Едно лице  е потешко повредено и задржано на лекување во тетовската болница, а пет се приведени од полицијата откако сите учествувале во тепачката што се случила на Хируршкото одделение во Клиничката болница. Тепачката се случила вчера околу 19 часот меѓу Р.А.(23), Р.Р (49) и Д.Х (47) од една и И.У (55), А.У (17) и А.У (20) од друга страна. Тие си размениле повеќе удари со тупаници по главите и телата од кои се здобиле со повреди. По укажаната лекарска помош петмина од нив се приведени,  а 20-годишниот А.У е задржан на лекување.

Лицата и претходно меѓусебно се тепале на улицата „Љуботенска“ во Тетово, поради недоразбирања околу напасување на добитокот. 

 

18.09.2014 - 11:00


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа