Си го убила сопругот со шипка - детали за хоророт во Кочани

Во селото Спанчево, општина Чешиново Облешево синоќа околу 22:45 часот се случоло грозоморно убиство во кое настрадал 62-годишниот Тодор А. по семејната расправија помегу него и неговата сопруга М.А.

Случајот во полиција го пријавил неговиот син Т.А. кој враќајки се од работа во дворот го забележал неподвижното тело на татко му.

Мотивите за убиството не се познати, но според очевидци причината за смртта се честите брачни расправии.

Покојниот, според наодите на лекарите, починал од силниот удар со метален предмет во главата, а се забележани и удари по телото.

Сторителот на убиствотро М.А. е приведена од полицијата и против неа е поднесена кривична пријава.

Телото на појниот по извршената обдукција е предадено на смејството.

18.09.2014 - 11:38


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега