ВИДЕО: Пропадна во дупка среде стадион - најсмешната прослава на гол

Напаѓачот на бразилскиот тим Коритиба, 20-годишниот Џоел го постигна последниот гол во победата на неговиот клуб со 3-1 против Сао Пауло, но прославата за погодокот можеше да заврши многу лошо.

Тој го постигна и голот за 2-1, па при третиот гол реши да прослави со прескокнување на рекламните банери и поздравување на публиката, но место тоа пропадна по скалите што водат кон соблекувалните.

Падот му ја уништи прославата, но за среќа не помина со посериозни повреди.

18.09.2014 - 13:16


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега