Ги киднапирале со вила и срп, па ги ограбиле - хорор во Градско

 

Б.Е. (33), И.У.(34) , Б.М. (34) и Ф.Е. (28) сите од Градско си заработија кривична за разбојништво.

В населба Градско во близина на железничката пруга вчера пријавените пресретнале четири сириски државјани и заканувајќи им се со земјоделски алати (срп, коса и вила) насилно ги внеле во куќата на првопријавениот каде ги задржале околу еден час.

Им одзеле 325 евра, 700 денари и три мобилни телефони, по што ги избркале од куќата.

18.09.2014 - 13:12


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега