ФОТО: Ново засилување на Вардар - потпиша Горан Попов

Македонскиот репрезентативец Горан Попов стана нов играч на Вардар, откако попладнево ги официјализираше преговорите со нашиот најтрофеен тим. Како што објави Вардар на својата официјална интернет страница, со дефанзивецот е потпишан тригодишен договор.

Горан Попов предвреме го раскина договорот со Динамо Киев кој имаше важност до 2016-та година и право на настап за екипата на Вардар ќе има од 1-ви јануари 2015-та година

18.09.2014 - 13:21


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега