„Паднаа“ вработени во општина Дебар

Полициската станица од Дебар поднесе кривични пријави против две лица од Дебар, поради постоење основи на сомневање дека се сторители на казнени дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „бесправно градење“.

Првопријавениот  П.П. (61) како раководител на Секторот за урбанизам и комунални рабооти во Општина Дебар и Г.Ц. (50), архитект во општината, во периодот од 24 до 27 декември 2103 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување и како надлежни за вршење на работите од уредување на просторот, од инвеститорот З.Б. од Дебар, спротивно на условите предвидени со деталниот урбанистички план (ДУП) прифатиле и одобриле основен проект за градба на станбено деловен објект од втора категорија на ул.„Братство-Единство“ во Дебар. 

Тоа го направиле иако увиделе дека проектот предвидува градба на станбено-деловен објект со димензии во висина поголема за 1,86 односно 3,53 метри од предвидените со ДУП на посочените катарстарски парцели. Пријавените, свесно и спротивно на одредбите од Законот за градба и Законот за просторно и урбанистичко планирање, се согласиле со таквиот основен проект и потпишале дека доставената документација односно основниот проект е во согласност со ДУП. На тој начин инвеститорот наместо поткровје изградил цел кат. Таквата состојба е констатирана и од општинскиот овластен градежен инспектор при вршење инспекциски надзор за што на 28 март 2014 година е составен записник.

Со тоа, по основ на разлика на цена за метар квадратен на стамбен простор и поткровје и нереално исплаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште, на З.Б. и овозможиле противправно да се стекне со имотна корист во износ од 1.531.248 денари и со тој износ  го оштетиле буџетот на Република Македонија. 

18.09.2014 - 13:36


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега