Орав: ДПА да се врати во Собрание

Претседателот на ДПА Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата се сретна со евроамбасадорот Аиво Орав. На состанокот, кој е во рамки на интензивните средби со меѓународните претставници, се разговарало за актуелната политичка ситуација во земјата, инцидентот во Собранието, деблокирањето на интеграциските процеси на земјата, меѓуетничките односи и други политички прашања.

ДПА, како што се наведува во соопштението, „го информирал Орав за притисокот врз албанската опозиција да замолчи и да се донесат одлуки на штета на албанското население“.

Во однос на прашањето околу интеграциските процеси, Тачи истакнал дека Албанците од Македонија никогаш нема да се откажат од патот кон членството во ЕУ и НАТО и во оваа насока ДПА ќе продолжи да комуницира со сите релевантни чинители во земјата и во странство. Подвлекол и дека сега се случуваат многу важни моменти за земјата и за регионот и дека вината за блокирањето на евроинтегрирањето е власта.

Амбасадорот Орав во име на официјален Брисел апелирал пратеничката група на ДПА да се врати во Собранието и таму да ја продолжи политичката битка како опозициска партија

18.09.2014 - 13:39


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа