Тепачка за блок - Металург веќе продаде повеќе од половина билети за ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Металург ги известува своите навивачи дека веќе се продадени повеќе од половина од билетите за натпреварите во Лигата на шампионите.

- Пари Сен Жермен најавува дека ќе атакува на победа во СЦ „Борис Трајковски“, екипата на Кил е разгалена од претходните успеси во Скопје, секој од нашите преостанатите противници од групната фаза на Лигата на шампионите ќе се обиде да извлече максимум на наш терен. Ќе им се спротиставиме со силата на Металург и со нашата верна навивачка армија. Повеќе од 3.300 македонски навивачи веќе обезбедија блок-билети за групната фаза, соопштуваат од Металург.

Клубот од Автокоманда ја информира спортската јавност дека, по промената на ланските блок-билети и првиот ден од слободната продажба на истите, продадено се околу 60 проценти од вкупниот капацитет на салата или за десет проценти подобар резултат од оној од минатата година.

- Продажбата ќе трае до недела (21 септември), а на располагање се уште 1.200 блок-билети, или 20 проценти од капацитетот на салата. Преостанатите 20 проценти од капацитетот нема да се продаваат во вид на блок-влезници, туку ќе се понудат како поединечни влезници за секој од нашите пет домашни натпревари во Лигата на шампионите.

18.09.2014 - 19:36


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега