Поскапе лебот на Жито Лукс

„Жито Лукс“ го поскапе лебот за еден денар, објави телевизијата „Алсат М“. Ова е второ зголемување на цената на лебот за период од три месеци. Новата цена на лебот е на сила од пред два дена.

Од комапнијата за телевизијата велат дека се работи за балансирање на цените. 

„Земајќи ги предвид движењата на пазарот, понекогаш се јавува потреба за балансирање со цените. Оваа промена на цената произлегува од такво балансирање, кое некогаш е намалување, а некогаш зголемување на цената на лебот. Поради осетливоста на прашањето за цената на лебот, како компанија донесовме одлука да ја зголемиме цената на лебот само за еден денар. И понатаму ќе ги применуваме највисоките стандарди во производството на леб создавајќи нови иновативни производи “ се вели во соопштението на „Жито Лукс“.

Од министерството за земјоделство пак тврдат дека иако годинава квалитететот на житото е исклучително лош, нема опсаснот од недостаток од оваа земјоделска култура, што би можело да влијае врз зголемување на цената на лебот.

18.09.2014 - 23:05


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега