Крит ќе го истражува исчезнувањето на Дениза

Истрагата за мистериозното исчезнување на 23-годишната прилепчанка Дениза Маркоска, на барање на македонското МВР и МНР, продолжува во критското Јавно обвинителство. 

Како што пренесува Утрински весник  грчката полиција и натаму го пребарува теренот, презема мерки за пронаоѓање на девојката која до 12 септември работела како помошник во кујна на бродот „Серенисима“ со руски сопственици, кој пловел од островот Родос кон Св. Никола.

„На барање на МВР, МНР предметот за Дениза Маркоска е предаден во рацете на јавен обвинител, кој понатаму треба да одлучи како ќе продолжи истрагата, како ќе го заведе случајот и дали ќе го затвори предметот, се' е тоа одлука на обвинителот, вели Габриел Атанасов, портпарол на МНР за Утрински весник.

На денот на роденденот - 7 септември, Дениза додека се допишувала со мајка си на „Фејсбук“ најавила дека неколку дена нема да се слуша со своето семејство: - На мајка си и пишала дека 2-3 дена ќе нема интернет на бродот, а капетанот вели дека на бродот имало секогаш интернет. Не знам зошто така кажала Дениза, таа немаше никакви проблеми, работеше на овој брод со син ми Боби минатата година. Цел екипаж и беше познат. Годинава брат и работи во Франција, а таа остана на истиот брод. Но, и другар и' Дејан којшто ми ги донесе нејзините работи, кажа дека ќерка ми цело време била весела, расположена и дека до  доцна во ноќта го славеле и нејзиниот роденден, посочил таткото на Дениза.

Според Ирина Петреска од агенцјата Коузон во Прилеп,  при вакви  несреќни случаи истрага врши крајбрежната поморска безбедносна контрола во државата каде што се случил настанот.

19.09.2014 - 10:00


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега