ФОТО: Поради овој транспарент Партизан ќе добие голема казна од УЕФА

На синоќешниот меш против против Тотенхем навивачите на Партизан, истакнаа транспарент со антисемитска парола поради кој клубот од Белград би можел да добие голема казна од УЕФА.

Дуелот помеѓу Партизан и Тотенхем заврши без голови, но добриот впечаток кој играчите на српскиот тим го оставија на теренот, го расипаа нивните навивачи со антисемитски транспарент на кој пишуваше “Only Jews and Pussies“.

Фановите на „црно-белите“ на овој начин алудираа на тоа дека лондонскиот тим има голем број навивачи Евреи.

Транспаренот е направен во стилот на логото на популарна серијата “Сплетки“ која во Англија носи наслов “Only Fools and Horses“.

Останува да се види каква ќе биде казната од УЕФА за Партизан поради овој транспарент на навивачите.

19.09.2014 - 10:17


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега