Се докажале успешни на меѓународен план - сега се дел од Владата на Груевски

Работеле во Мајкрософт, Светска банка или на високо рангирани универзитети, а сега се високи функционери во Македонија. По покана на македонскиот премиер Никола Груевски, високо образовани луѓе со стекнато богато светско искуство, се вратија да работат во нашата земја.

Еве го списокот на владини функционери, кои своето знаење го стекнале во странство, а сега работат во Македонија.

- Веле Самак - дипломирал на студии по економија на Универзитетот во Чикаго, а магистрирал од областа на бизнис администрацијата на Вартон школата при Универзитетот Пенсилванија. Сега во Македонија е министер без ресор, задолжен за привлекување на странски инвестиции.

- Глигор Ташковиќ е екс министер без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции. Американецот со македонско потекло има над петнаесет години меѓународно деловно искуство во повеќе од десет индустриски гранки во дваесет земји. Тој е ослободен од должност.

- Виктор Мизо, директор на Агенцијата за привлекување странски инвестиции. Откако завршил гимназија во Скопје, Мизо заминал во САД, каде останал 17 години. Таму, Мизо завршил машински факултет и постдипломски студии по машинство на универзитетот „Рочестер институт оф технолоџис“, во Њујорк. Пред да биде ангажиран од македонската Влада,  Мизо со уште неколку колеги од Харвард основа сопствена компанија во Токио, која се занимава со дистрибуција на дигитални фајлови во 3-Г телефонија.

- Зоран Ставрески работеше во Светската Банка пред да стане дел од Владата на Груевски. Во Светската банка од февруари 2006 година е водечки економист за развојни политики во одделението за Операциони политики и услуги за земјите членки

- Иво Ивановски, актуелниот министер за информатичко општество и администрација исто така беше во САД. Во 2001 година дипломираше во областа на Информатиката и информатичкото инженерство на Државниот Универзитет Охајо Стејт во градот Колумбус. Своето образование го продолжи на Франклин Универзитетот, каде се здоби со магистерска диплома во областа на информатика во 2003 година.

- Перо Димовски беше донесен во Македонија од САД. Моментално е ослободен од должност.

- Џери Наумоф - новиот министер без ресор во македонската Влада исто така живеел и работел во САД. Тој го завршил своето образование на Колеџот за бизнис маркетинг и бизнис администрација при Универзитетот Ball State University, 1980 година во Индијана. Тој има меѓународно искуство и работел во повеќе реномирани компании.

- Павле Саздов дојде од КАнада за да работи во Македонија. Тој дипломирал 2005та година во областа на информатиката, насока мрежна и интернет безбедност на Faculty of Technology при “Everest College” во Мисисага, Канада со највисоки почести. Тој стана пратеник во Собранието на Р.М. со гласовите од дијаспората.

-Бил Павлески завршил средно образование во САД, дипломирал Електро факултет на State University New York-Binghamton и добил две посебни Магистратури со високи почести. Од 1997 до 2011 е вработен во американска мултинационална информатичка технологија Hewlett-Packard Company (HP), со седиште во Пало Алто, Калифорнија. Во текот на неговата 14 годишна кариера во HP бил поставен на различни високи инженерски и менаџерски позиции во организацијата за склaдирање на информации, вмрежување и технолошки услуги за Северна Америка, Европа и Азија.

-Мери Атанасовски која дојде од Нов Зеланд е советник на премиерот Никола Груевски.

- Мики Додовски е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија. Тој живееше и работеше во Австралија, а од дијаспората ги заработи и гласовите на парламентарните избори.

- Владимир Пешевски е вицепремиер во македонската влада задолжен за економски прашања. Тој дипломирал на Електротехнички факултет во Скопје, на насока енергетика во 1993 година. Потоа се запишал на магистарски степен на обука. Во 2001 година завршил магистратура по деловна администрација на Универзитетот од Шефилд, Англија – програма на City College во Солун.

- Панче Кралев беше во Холандија пред да стане министер за образование и наука.  Таму Кралев завршил магистерски студии за економија, финансии и менаџмант, на Универзитетот во Бристол. Кралев има дипломирано на Универзитетот во Шефилд, а поседува и меѓународен сертификат за секундарно образование од Жан Д Арк Колеџ, Холандија, како и завршени две обуки на Универзитетот во Харвард.

- Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, пак, Завршил на Економскиот факултет на скопскиот универзитет и бил стипендист на француската влада на Универзитет во Ница. Магистрирал европски економски студии на Колеџот на Европа во Бриж, Белгија.Во периодот од 2003 до 2004 работел во државната управа на руренско пристаниште, а до 2004 бил и секретар во француската амбасада во Македонија. Во 2010 година бил именуван за амбасадор на Македонија во Мисијата на ЕУ во Брисел.

- Ристо Манчев е дипломиран градежен инженер,пратеник во македонското Собрание. Пред да дојде во Македонија, тој живееше и работеше во Италија.

-Советникот од македонската Влада, Горан Торбаков црпеше искуства од Австралија пред да дојде во Македонија.

- Заменик-министерот за економија Христијан Делев во Македонија дојде од САД.

- Алек Николовски дојде од Англија за да му биде советник на премиерот Груевски.

- Од Холандија во Македонија дојде Анита Минова, која е советник на македонскиот премиер.

- МЕтодиј Хаџивасков сега е македонски претставник во ММФ. Тој беше заменик министер во македонската Влада, а дојде од Холандија.

ОСвен овие, во опкружувањето на премиерот Груевски има и други луѓе кои завршиле студии надвор од земјава: Гордана Јанкулоска, Мартин Протогер, Влатко Илиевски, Александар Митов, Антонио Милошоски, бројните промотори на Македонија ширум светот.

Сега се македонски политичари, но пред да дојдат во Македонија, работеле во големи светски компании. Веле Самак има работено во Мајкрософт, Виктор Мизо во Џенерал електрикс и Мекензи, Методиј Хаџивасков предавал на Универзитетот во Стразбург. Се докажаа во силни институции, па дојдоа во Македонија за да ги споделат искуствата.

 

најчитано сега