Куисманен: Иднината на македонската економија е ветувачка

На македонската економија и оди многу добро. Економскиот раст ќе биде 3 или 3,5 проценти, што  е прилично повисоко од европскиот раст што е се разбира добро за Македонија,  оцени директорот на одделот за проекции во Министерството за финансии во Финска Мика Куисманен, кој е дел од Твининг проектот за зајакнување на капацитетот на македонското Министерство за финансии за макроекономска анализа и формулирање на политики. 

Според него, проекциите за раст за следната година од 4 отсто ќе се исполнат ако се земе предвид климата во Европа. 

- Иднината на македонската економија споредено со останатите економии во Европа е ветувачка. Предизвикот во иднина за Македонија би бил како најдобро да ги искористи ресурсите, да го унапреди пазарот на работна сила и да продолжи со добрите политики на привлекување странски директни инвестиции, изјави Куисманен.

Потенцира дека мерките што ги презема Владата одат во добра насока и покажале дека решаваат добро повеќе прашања.

Европската банка за обнова и развој вчера го објави Извештајот за економските изгледи за земјите од ЈИЕ во кој Македонија има најголем раст за наредната година.

- Изгледите на Македонија се зголемени поради подобрата перспектива за големи јавни инфраструктурни објекти, стои во извештајот на ЕБОР.

Во Буџетот за 2015 се предвидени капитални инвестиции во износ од 340 милиони евра.

19.09.2014 - 11:45
Фото: 
дневник


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега